ЈЗУ Општа болница Струмица упати честитки до сестра Татјана Андоска од одделот педијатрија која денес го прими признанието НАЈХУМАНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.
„Да бидеш сестра е голем предизвик, во тимот кој секојдневно ја покажува и докажува хуманоста, посветеноста и пожртвуваноста на дело. Поминати многу непроспиени ноќи, безброј случувања, соживеани со болката и радоста на своите пациенти, плачот на новородените. Вие сте неуморни борци во тимот со лекарите, борејќи се за животот на секој наш пациент. БЛАГОДАРАМ до сите вас за се она кое го правите вложувајќи се во својата хумана професија и затоа што сте многу важна алка во здравствениот систем со сета почит кон трудот кој треба да се почитува и вреднува, објавија ЈЗУ Општа болница Струмица на својот фејсбук профил.
Ви благодариме од сѐ срце и останете достоинствени и горди на својата професија“, порачаа оттаму.