Секторот за внатрешни работи во Струмица доби нов началник. Танчо Пројковски стана прв човек на струмичката полиција на местото на Ѓорги Божинов. За заменик на Пројковски е именуван Жан Зимбаков.
Пројковски ја извршуваше функцијата помошник началник извесен период минатата година, за времето кога технички министер на Мвр беше Оливер Спасовски.
Инаку, претходно Пројковски работел како инспектор во одделот за недозволена трговија со дрога и оружје.