Младите танчерки од Танцовиот спортски клуб ,,Ритам Плус,, неодамна на Држвното првенство во современи и латино танци што се одржа во Скопје се вратија со пет освоени први места и едно второ . Станува збор за државно првенство во категориите деца и јуниори каде младите танчери од Валандово и Струмица покажаа одлични сценски настапи со своите кореографии како во Модерен балет, така и во дисциплините Диско слободен стил но и во дисциплината Латино танците
Јасна Алексиќ Стефанија Ацева,Марија Божинова Сандра Камчева, Тамара Танчева, Јордан Стојаноски, Бојана Тошевска, Тина Соколовска, Ивана Шилинова во дисциплината Модерн балет категријата јуниорки освоија златен медал и пехар за нивниот настап кој се каректеризираше со одличен синхронизиран настап.
Во дисциплината Диско слободен стил, категорија јуниорки, балетската група во состав Тина Соколовска, Ивана Шилинова, Јасна Алексиќ и Стефанија Ацева го освоија златото а истата група без Соколовска злато освоија и во дисциплината Диско денс
Златни медали освоија и Јордан Стојаноски и Марија Божинова во дисциплината Латино.
Балетскиот состав од Јасна Алексиќ, Стефанија Ацева, Тина Соколовска, Ивана Шилинова и Тамара Танчева сребро пак освоија во категоријата Латино групно јуниорска конкуренција
Ова е огромеn успех на клубот Ритам Плус кој го предводи Љуба Петкова на ова Државно првенство каде учествуваа над 250 натпреварувачи од сите спoртски танцови клубови од земјава.