Поразот од велешки Борец во петтото коло значеше крај на престојот на Александар Таневски на клупата на струмичкиот прволигаш Академија Пандев.
Младиот стратег си поднесе оставка, која управата на струмичани ја прифати. Лошите резултати на стартот од новата прволигашка сезона беа причината за оваа одлука на 37-годишникот. Неговата екипа запиша само една победа и дури четири порази, што беше доволно за претпоследно место на табелата. Пандевци го совладаа само тимот на Струга на останатите четири натпревари загубија, па се претпоследни на табелата, со послаб биланс само од градскиот ривал Беласица Струмичкиот прволигаш има само една победа во интервал од единаесет месеци.