По завршувањето на вечерашното евровизиско шоу, нашата претсавничка Тамара Тодевска напиша куса порака на Твитер: „Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам.“
Оваа Евровизија сигурно нема да ја заборави никој што вечерва гледаше и навиваше за „Proud“, особено затоа што во првиот дел од гласањето бевме на врвот на листата заедно со Шведска и Италија.