• Fri. Nov 22nd, 2024

Суша ја уништува пченицата, 34 земји гладуваат

By

Mar 10, 2016 #Свет

34 земји во светот, од кои 80 отсто во Африка, немаат доволно храна за населението.

Гладот е резултат на конфликти, суши и поплави, пренесуваат Асошиејтед Прес и БТА.

Вчера беше објавен извештај на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, во кој се зборува околу претстојната жетва и ситуацијата во сферата на производството на храна. Во извештајот се истакнува дека сушата се поврзува со климатскиот феномен Ел Нињо.

Се очекува сушата трета година по ред да ја погоди сеидбата во основната земјоделска сезона, особено во реонот на Централна Америка и Карибите. Поради сушата, се очекува пад на производството на храна и во Алжир и Мароко.

Се очекува производството на пченица во текот на 2016 година да е 723 милиони тони. Тоа е за 10 милиони тони помалку од рекордната жетва во 2015 година.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *