• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичко дете од Ново Коњарево преку Пјаченца во калчолигашот Сасуоло

15 годишниот Ване Тасевски  е на прагот да потпише за италијанскиот прволигаш Сасуоло. Момчето кое потекнува од струмичко Ново Коњарево а веќе неколку години живее во Пјаченца со своите родители денеска го одработи првиот тренинг со младинските погони на овој калчолигаш. Според информациите до крајот на неделава можно е да се официјализира и трансферот на Тасевски кој во момементов настапува за кадетите на Пјаченца Про.

За Тасевски беа заинтересирани и други клубови од Италија бидејки тамошните медиуми го нарекуваат ,,бомбардер,, заради силните удари со лева и десна нога кон противничките мрежи. Тој беше прогласен и за играч на колото во тамошната кадетска регионална лига бидејки паралелно одлично игра и во одбраната и во нападот.

,,Задоволен сум од моите настапи во кадетскиот состав на Про Пјаченца. За овој тим имам одиграно 50-тина натпревари а ова сезона постигнав и неколку голови иако сум претежно одбранбен играч. Денеска го одработив и првиот тренинг со младите на Сасуоло“, ни изјави младото момче од струмичко Ново Коњарево кој живее во Пјаченца

Тасевски  со фудбалот е од својата осма година.Најпрво почна во локалниот АСД Сан Николо во непосредна близина на Пјаченца по што замина во тимот на Пјаченца Про.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *