Јавното комунално претпријатие во Струмица апелира до граѓаните да го пријавуваат градежниот отпад за да го подигнат комуналните служби, наместо да го фрлаат покрај патиштата создавајќи на тој начин нови депонии:
„Покрај тоа што Одделението Комунална хигиена при ЈПКД „Комуналец“ Струмица врши собирање на смет два пати неделно низ 4 реона низ градот и Централното градско подрачје и низ 3 реони по населените места, одржување на јавна чистока со метење на улици низ градот со 9 екипи 6 дена во неделата, секојдневно се појавуваат нови депонии од градежен шут, стар намештај и гранки од дрвја околу и во контењерите кои се поставени низ градот, а служат исклучиво само за смет од домакинствата. Голем број несовесни граѓани со тоа ја загрозуват својата безбедност, безбедноста на пешаците и возилата, создаваат лоша слика за градот. Правилното депонирање на кабастиот отпад и градежниот шут има директно влијание во зачувувањето на урбаната животна средина од аспект на санитарно и еколошко значење. Според Законот за јавна чистота, не е дозволено градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите и дворовите, граѓаните и правните субјекти да го оставаат во или околу контењерите за комунален отпад. За да се спречи оваа несакана појава ЈПКД „Комуналец“ апелира и ги известува сите граѓани ваквиот тип на отпад да го оставааат пред своите дворови и да се јават во Одделението “Комунална хигиена“ при ЈКПД „Комуналец“ за да може истиот да биде навремено подигнат.