Струмичките пожарникари обучени за пребарување и спасување a се во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Дирекцијата за заштита и спасување, од вчера во попладневите часови и во текот на ноќта работaт на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе .
,,Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот“ стои во објавата на струмичките пожарникари
Завчера од Струмица замина тим од 8 пожарникари кои беа и во спасувачка мисија во Албанија. Тие во Турција треба да останат во наредните десет денови.