Струмичките карневалџии ги кренаа знамињата
Струмичките карневалџии ги кренаа знамињата. Во градот и официјално се слави карневалскиот дух. Свеченостите течат, но тивко и речиси незабележливо, поради ограничувањата за заштита од ширење на пандемијата со ковид-19. Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, вели дека карневалскиот дух е непобедлив и повторно ќе се овзобнови по победата над вирусот.
Карневалџиите, пак, ги навлекоа маските и секоја прилика ја користат да се преобразат. Нестрпливо ги чуваат новите костими за големото дефиле кое се надеваат дека ќе биде возможно следниот карневал.
Карневалските случувања и годинава ќе траат една седмица. Нема да се одржат само масовните карневалски настани: Големото дефиле и детскиот карневал како и маскенбалот на кој се избираа принцот и принцезата.