Земјоделците никако да почнат да ги осигуруваат посевите. И покрај тоа што се почесто се соочуваат со поплави, суши и други елементарни непогоди, интересот за осигурување на нивите е на многу ниско ниво. Ристо Велков, претседател на Синдикатот на земјоделци од струмичкиот регион, смета дека ваквата одлука на земјоделците е правилна, бидејќи како што вели, полисите што ги нудат осигурителните компании не им вршат работа на земјоделците.
За да не претрпат големи штети, неопходно е земјоделците да ги осигуруваат посевите или пак да вложуваат во агротехнички мерки кои можат да ги ублажат последиците од елементарни непогоди. Државата веќе неколку години наназад доделува субвенции за осигурување на земјоделските посеви.