• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичките земјоделци се жалат на штети кај црвената пиперка на отворено

ByВане Трајков

Aug 23, 2017

Претседателот на Сојузот на земјоделци од Регионалната единица во Струмица, Ванчо Митев изјави дека ситуацијата е алармантна.

– Тоа може да се види на терен, но и пред откупните центри. Ова време имаше и по 20 коли за откуп, а сега едвај по некоја и тоа од куртовска капија засадена под фолија. За жал, земјоделците не се финансиски моќни за да го осигураат родот. Ќе бараме средба со надлежните за да дискутираме за проблемот, рече Митев.

Според него, 3.500 хектари на отворена површина се засеани со ајварката.

Производителите кои го чекаат интензивирањето на откупот на индустриската пиперка, доматот и краставицата очекуваат средба со преработувачите и со Министерството за земјоделство за да ги конкретизираат активностите.

– Потребна е координација за да се избегнат проблемите со пласманот и со откупот. Сакаме да ги конкретизираме цените по кои ќе се продава родот. Најголемиот дел од нас, земјоделците, за втора култура имаат засадено производи кои и се потребни на преработувачката индустрија. Затоа е важно преку дијалог да ги утврдиме и површините кои им се потребни на конзервно-преработувачките капацитети, вели Ристо Велков, претседател на Регионалниот синдикат на земјоделски производители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *