• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичките гимназијалци со награди на Државниот натпревар по математика

Mатематичарите од струмичката гимназија се вратија со награди од 62 Државен натпревар по математика што се одржа на Машинскит факултет во Скопје. Четворица добија право да учествуваат на Македонската математичка олимпијада во април.

Димитар Џорлев, ученик во прва година, под менторство на професорот Петруш Џорлев ја освои првата награда, а учениците Димитар Трајков и Раде Перовановиќ ја освоија третата награда. И тројцата се здобија со право на учество на Македонската математичка олимпијада (ММО).

Димитар Звонимир Митев, ученик во четврта година, под менторство на проф. м-р Елена Лазарева ја освои втората награда и обезбеди учество на најпрестижниот математички натпревар во државата, Македонската математичка олимпијада (ММО).

На натпреварот СОУ „Јане Сандански“ го претставуваа и учениците Елеонора Лазарова од I година, под менторство на професорот Петруш Џорлев, Марта Вучкова и Васил Бунгурџиев од II година, под менторство на професорката Елизабета Витанова и Крсте Симеонов од IV година, под менторство на проф. м-р Елена Лазарева. За своето учество учениците добија пофалници од организаторите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *