Апелот за помош за лекување на струмичанецот Петар Попов ги раздвижи струмичани. На социјалните мрежи се споделуваат постови со сметка за донација, а пријателите на Петар почнаа со организација и на донаторски акции.
Една таква денеска организираше струмичкиот паб Salt & Pepper, коишто одлучија средствата од секое продадено Junior бурито да одат на сметката за Петар.
Во мотивот за оваа акција, сопственикот на овој познат градски паб вели дека, токму ова бурито го носи името поради Петар, којшто на една седенка во пабот им го предложил овој рецепт којшто го имал вкусено додека бил во Америка.