• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичкиот карневал најверојатно ќе се одложи

Нема да има карневал во Струмица во сабота. Оваа вест ја објави порталот 360 степени, повикувајќи се на свои извори во извршната власт. Утре претпладне владата најверојатно ќе донесе одлука со која ќе препорача или дури и ќе забрани одржување масовни јавни собири во наредните денови поради коронавирусот.

Одлуката ќе биде логична последица на предлогот што вечерва го утврдил Управувачкиот комитет, највисоката инстанца во системот за управување со кризи во земјава. Овој предлог, пак, доаѓа по препорака на епидемиолозите од Комисијата за заразни болести кои сметаат дека масовните собирања може да придонесат за ширење на вирусот.

Одлуката на Владата ќе се однесува директно на карневалите што претстојниот викенд треба да се одржат во Струмица и во Прилеп, како и на спортските натпревари во следните денови, се наведува во изворот на порталот. 

Вечерва во Струмица се одржа концертот под маски на основното музичко училиште „Боро Џони“ а маскенбали се одржуваат и во голем број кафулиња и барови низ градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *