Струмичкиот гинеколог Маџунков силно ги охрабрува трудниците за вакцинација.
Вакцинацијата на трудници е сеуште во кругот на светските научни истражувања. Од комапнии кои произведуваат вакцина само Фајзер и Бионтек, докажале дека во вакцината нема присуството на мртов предизвикувачки агенс на COVID-19 или присуството на помал дел од вирусот SARS-CoV-2, како што е ген или протеин, па така истата нема да предизвика промени во фетусот. Гинекологот Маџунков вели дека верува на студијата ама кај нас сеуште се зема со резерва вакцинацијата на оваа група.
Струмичкиот гинеколог Маџунков , дециден е дека бремените жени се изложени на поголем ризик и сериозен облик на Ковид 19, но вели дека науката излегува со тврдење дека вакцините не влегуваат во јадрото на клетката, затоа теориите дека тие можат да влијаат на фетусот на кој било начин не стојат. Сепак, силно ги охрабрува трудниците за вакцинација, но изборот и одлуката сепак се исклучиво индивидуални.
По Фајзер и Бионтек најава за истражување има и компанијата Џонсон и џонсон, во упатството пак на Спутник-В, има препорака за претпазливост кај трудници и доилки, кај останатите вакцини нема конкретно упатство за оваа група.
Во најновите препораки на Светската здравствена организација (СЗО) за модерната вакцина се вели дека „врз основа на она што го знаеме за овој вид вакцини, немаме посебна причина да веруваме дека постојат посебни ризици (од примањето на вакцината) што би биле поголеми од придобивките на вакцинирање на бремени жени “