На 8.2.2024 година со почеток од 20:00 часот во Ројал Парк – нова сала (Зона Север) во организација на гимназијата „Јане Сандански“ Струмица ќе се одржи емотивен настан во чест на професорката по македонски јазик Елка Терзиева.
Елка Терзиева (1937-2001) струмичани ја паметат како една од најценетите, најпочитуваните и најпринципиелните професорки во гимназијата. Сите добро се сеќаваат на нејзиниот став – „Секој Македонец треба да ја знае напамет „Ленка“ од Кочо Рацин“.
Нејзините колеги и ученици ќе имаат можност да се потсетат на нејзината професионалност во едни поинакви времиња исполнети со почит, знаење и вреднување на трудот.