• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмичката болница доби нов инкубатор, ама не и неонатолог.

Нов софистициран инкубатор за предвремено родени бебиња влезе во одделението за акушерство и гинекологија во Струмичката болница.На одделението нема специјалисти за наеонатологија но за новороденчињата се грижат педијатри кои сметаат дека новиот инкубатор им е повеќе од потребен на бебињата ако замена вештачката замена на матката туку и ним како тим.

На ова одделение годишно околу 1400 породувања.Роилките не се само од Струмица, овде доаѓаат и жени од целиот регион палекарите велат дека новиот инкубатор е повеќе од добредојден.

Педијатрите кои во моментов се грижат за новороденчињата велат, апаратот е нов, софистициран, со сите додатоци кои се потребни да претставуваат адекватна средина за едно предвреме родено бебе, а исто така ќе биде и олеснителна околност за Клиниката за гинекологија и акушерство и Клиниката за педијатрија, оддел за интензивна нега каде што се згрижуваат овие деца, кои по стабилизирање на состојбата ќе може да бидат вратени во нашата матична установа.

Лекарите изразија надеж дека на ваков начин ќе се надмине проблемот со смрттност на новороденчињата.Владата донираше 16 нови инкубатори на одделението за интензивна на Клиниката за гинекологија и акушерство, а струмичката болница е една од десетте јавни здравствени установи кои добиваат инкубатор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *