• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмичанка осомничена дека се обидела да го отруе сопругот

ByВане Трајков

Jun 29, 2019

Основното јавно обвинителство Струмица спроведува истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничената 39-годишна жена, на 07 јуни, во семејниот дом во село Иловица, се обидела на подмолен начин да го лиши од живот нејзиниот сопруг. Кога сопругот побарал да му свари кафе, таа во филџанот ставила течно средство хербицид „Моносан Херби“, го помешала со кафето и му го дала да го испие. Оштетениот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот суд Струмица му предложи да определи мерка притвор за осомничената. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *