• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмичанката Славица Ангелова ја промовираше својата најнова песна „Руже и крв“

ByЃ. K.

Sep 27, 2023

„Руже и крв“ е насловот на најновата песна на победничката на „Ѕвездите на Гранд“, струмичанката Славица Ангелова.

Автор на песната е Александар Милиќ Мили, кој заедно со Саша Лазиќ и Лилјана Јорговановиќ го напишал и текстот, а со Марко Глухаковиќ го направиле и аранжманот.

Станува збор за моќна поп-балада која има големи шанси да стане безвременски хит.

Славица за ТВ Канал ВИС изјави:

„После победата животот комплетно ми се промени, многупати се споредувам со претходната година и сега. Летово ми беше исполнето со многу концерти низ целиот Балкан и тоа како дел од бендот на мојот ментор Џорџе Давид, заедно со вокалистите Ивана Петерс и Александар Јосифовски се разбира покрај Џорџе. Планирани се уште концерти кои се надевам ќе бидат реализирани. Преубаво искуство кое посакувам еден ден секој на свој начин да го доживее.

Покрај концертите со Џорџе, летово имав и многу други музички проекти како што е летната школа за гитара. Во овој проект сум веќе четврта година, предводен од м-р Васко Пиличев.

Но, едно од поубавите работи кои ми се имаат случено последниов месец е промовирањето на мојата нова песна „РУЖЕ И КРВ“ зад која песна стои Гранд Продукција, а како композитор и продуцент е Александар Милич Мили (музика, текст и аранжман), на текстот му се придружуваат Саша Лазич и Лилјана Јоргованович, а аранжманот на Мили заедно со Марко Гулакович. Песната иако во почетокот кога Мили ми ја прати да ја преслушам како демо снимка ми беше некако поразлична од тоа што јас го пеам, но како што ја слушав и вежбав пред да ја снимаме некако сѐ повеќе ја чувствував како нешто мое, нешто во кое мора да се даде многу емоција за да успеам да ја пренесам и музиката и текстот до публиката. Се надевам дека ќе биде прифатена и слушана од публиката, но и по сите медиуми и платформи. Сметам дека ќе има публика која ќе се пронајде во текстот и сензибилитетот на песната.

„РУЖЕ И КРВ“ се снимаше во студиото на Мили. Станува збор за голем професионалец и едукатор, точно знае од секој артист да го исцрпи тоа што го може. Снимањето не беше многу едноставно. Снимавме некаде околу 7 часа. Имаше и нервози и смеа, а најголем проблем ми беше дикцијата бидејќи српскиот јазик сѐ уште не ми е научен како што треба. Како и да е, песната ја прифатив и сѐ повеќе ми се допаѓа како што ја слушам, влегува во уво уште на прво слушање (барем јас така ја доживеав). Веќе се во план и нови песни, но за тоа во некоја следна прилика. Не застанувам, ќе работам и се надевам дека публиката ќе ја прифати мојата музика.“

By Ѓ. K.