• Mon. Nov 25th, 2024

Струмичани реагираат на запрежните коли во центарот на градот од каде се продава зеленчук

ByВане Трајков

Jun 27, 2017

Зачести појавата на продажба на овошје и зеленчук од запрежни возила среде центарот на Струмица. Граѓаните реагираат дека се кочи сообракајот, се создава гужви со продажбата а од изметот на коњите се шири непријатна реа. Најпогодени се улиците Братство и единство, Васил Сурчев, Панче Пешев . Таму сопственици со запрежни возила продаваа праски, лубеници, домати .Запрежните коли беа паркирани на улицата додека коњите во дворовите на околните згради. Никој не знаше кој се сопствениците а дел од луѓето што ги затекнавме тврдат дека немало каде да го продаваат своето производство и постојано биле на удар од инспекциите и од полицијата.

Одговорните институции велат дека постојано се интервенира на овие улици, но појавата добива интензитет. До нив стасуваат реакции од граѓани кои се жалат на непријатната миризба. Доаѓало и до вербални конфликти мегу загрижени станари и продавачите од запрежни возила. Граѓаните не сакаа јавно да зборуваат. Велат дека сликата говори само по себе со запрежните возила во центарот на градот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *