• Sat. Nov 23rd, 2024

Струмичани најостро ги осудуваат барањата на економските експерти за зголемување на старосната граница за пензионирање

Струмичани најостро ги осудуваат барањата на економските експерти за зголемување на старосната граница за пензионирање.Велат дека работниот век е и онака голем,младите се без работа а повозрасните со секоја одмината година се се понеспособни за квалитетно извршување на работните ангажмани.Експертите бараат итни реформи.

Според институтот за економски истражувања „Finance Think“, неминовно е да се оди подоцна во пензија, односно жените на 64, а мажите на 66 години.
Исто така, тие сметаат дека треба да се зголеми и придонесот за пензиско осигурување од сегашните 18% на 22 отсто и да се зголеми границата за семејна пензија и пензија со бенефициран стаж за 3 години. Сепак, според нив, промените треба да се случуваат постепено, не веднаш, за да се елиминираат силните шокови како врз работниците, така и врз компаниите и товарот да не падне само врз една генерација.

Воведувањето на пензиските реформи веднаш или постепено ќе значат заштеди од 10 до 400 милиони евра во следните 20 години. Според анализата, треба да се води сметка особено за трудово – интензивните дејности, на пример за текстилците одењето во пензија на поголема возраст да биде само на доброволна основа.

Сепак, во анализата не е вклучена најавената државна пензија за оние со помалку од 15 години работен стаж, ниту опцијата што постоеше во минатото за одење во пензија според работниот стаж. Oд институтот im препорачуваат на политичките фактори, да постигнат општ консензус за пензиската реформа што треба да се спроведува на долг рок, односно да го поделат политичкиот ризик при воведувањето непопуларни мерки, наместо да се борат за политички поени, затоа што во прашање се идните пензии на сегашните работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *