За прв пат струмичании ќе може да гледаат филмски проекции кои ќе бидат прикажани благодарение на електричната енергија која што ќе ја произведуваат со еко- велосипеди.Како што најавија од „Go green“ ќе бидат прикажани два филма,а целта на овој настан е да се подигне јавната свест за еколошка и одржлива енергија.Ова значи дека посетителите ем ќе возат велосипеди,ем ќе гледаат филмови.
.Настанот е организиран од страна на Europe House Струмица заедно со GoGreen,по повод Европската недела на одржлива енергија.Оттаму апелираат дека за во ова уникатно и еко –пријателско кино струјата нема да прозилегува од обичните извори туку од самите нив. Тврдат дека нивното возење ќе биде претворено во енергија која ќе го овозможи прикажувањето на филмовите.