Струмичани и денес ја покажаа својата хуманост. Полни ќесиња и картонски кутии со потребните артикли-конзервирана храна, вода, средства за хигиена, пелени и храна за бебиња, пристигаат во Домот на АРМ во Струмица. Граѓаните доаѓаат да им помогнат на поплавените од Скопје и Тетово.
-„Апелираме до граѓаните и правните субјекти, помошта да се состои од вода, конзервирана храна и средства за лична хигиена. Ги повикуваме граѓаните да донираат кој колку може со цел да им помогнеме на настраданите во поплавите„-рече Пецо Фончев од општина Струмица.
Хуманитарниот пункт во Домот на АРМ ќе биде отворен до петок, во периодот од 8 наутро до 21 часот навечер.