Струмичката карате надеж Димитар Витанов се покажа во одлично светло во екипна конкуренција на балканскиот карате шампионат во Романија што се одржа деновиве, откако стана државен првак во кати во кадетска конкуренција.
На последното државно првенство пред недела дена Витанов како член на Карате клубот ,,АБЦ’’ го освои златниот медал во кати со што ја потврди својата доминација во каратето како спорт откако претходно собра медали на повеќе меѓународни натпревари .
14 годишниот Димитар Витанов пред неполн месец беше во врвот на Европскиот Дунав КУП во Австрија каде освои прво место во борба и второ во кати поединечно и екипно а на Светскиот Куп во Белград- Србија ја освои бронзата
На балканскиот шампионат во Романија, македонската карате селекција се врати со освоени две злата четири сребра и три бронзени медали