• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица ја одбележа 18 годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Одбележана 18 годишнината од смртта на Претседателот Борис Трајковски. Пред споменикот Македонија, владина делегација предводена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, државниот секретар во министерството за локална самоуправа Кирил Парталов, претставници на Советот на Општина Струмица, политичките партии, Здриужението за борци, како и членови на семејството Трајковски положија свежо цвеќе.  

Во чест на трагично загинатито претседател кој животот го изгуби во авионска несреќа во 2004 година во близина на Мостар, заедно со екипажот, жените на ок на вмро дпмне традиционално засадија дрво.

-Без разлика дали се среќаваше со високи светски државници ширум или со обични граѓани, Борис Трајковски остануваше секогаш Борис Трајковски. Стоеше исправено и пред најголемите искушенија со кој се соочуваше татковината. Божјиот човек, трпеливо и добродушно се справуваше со сите бариери кои се наоѓаа пред него. И тогаш кога низ светот требаше да се најдат вистински пријатели за евро-атлантското интегрирање на Македонија, и тогаш кога воениот конфликт и се закануваше на земјата дека ќе ја фрли во амбис, секогаш, ама баш секогаш наоѓаше сили да биде голем пред големите предизвици. Им простуваше на сите што го напаѓаа, ги ползуваше сите можни придобивки од позитивната дипломатија, но се чини беше најголем како творец на Рамковниот договор со кој му стави крај на меѓуетничкиот конфликт, рече Даскаловски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *