Во јануари идната година ќе се одржи квалификациониот турнир за европско првенство за играчи до 18 години на кој ќе учествуваат Турција, Србија, Грција, Бугарија, Косово и Македонија.
За подготовките, поддршката и очекувањата градоначалникот Костадинов разговараше со генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Зоран Карановиќ со неговите соработници и претставници на струмичкиот клуб Наковски Волеј.
Струмица е почестена со изборот за град домаќин на турнирот и даваме максимална поддршка овој настан да помине во најдобар ред и со одлични резултати, истакна градоначалникот Костадинов.