Шампионот Струмица со победа од 3:1 над освојувачот на Купот на ОФМ, Штип УГД го почна големото финале на домашното првенство. Во првиот меч вечерва на домашен терен, струмичани успеаја да дојдат до посакуваниот успех и да ја поведат серијата до три победи, пишува Спортспорт.мк.
СТРУМИЦА – ШТИП УГД 3:1 ( 25-19, 25-18, 23-25, 25-22)
Во првите два сета од мечот домашните доминираа и ги освоија со убедлив резултат, додека во третиот сет Штип се врати и успеа да намали. Во четвртиот сет исто така имаше неизвесност до крајот, но Струмица успеа да дојде до предност за 3:1 и победа.
Финалната серија се сели во Штип, каде в петок ќе се одигра вториот меч од финалето.
Извор: Sportsport.mk