• Thu. Nov 21st, 2024

Струмица слави 71 година од ослободувањето од фашистичкиот окупатор

Со низа свечености Струмица одбележува 71 година од ослободувањето од фашистичкиот окупатор. Централната свеченост се оддржа пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк. За значењето на денешниот ден зборуваше градоначалникот Заев кој истакна дека 11 септември е јазол кој цврство ги поврзува минатото, сегашноста и иднината.

 download

И годинава традиционално во чест на денешниот историски ден за Струмица во алејата на младите во градскиот парк беше засадено дрвцето на другарувањето.

Во чест на жртвите за слободата пред Споменикот на револуцијата свежо цвеќе положија градоначалникот Зоран Заев и претставници на Советот на општина Струмица, претставници на борците, на политичките партии и јавни институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *