• Mon. Nov 25th, 2024

Струмица распиша повик за распределба на 13, 5 милиони денари за поддршка на спортски клубови и тренери

Општина Струмица го распиша конкурсот за поддршка на спортските клубови и здруженија во општината но и за месечна подршка на тренери во спортскиtе клубови. Јавниот повик по двете програми ќе трае до 12 февруари до кога сите заинтересирани ќе мора да достават апликации . Вкупната подршка за струмичкиот спорт од Буџетот на општина Струмица изнесува 13 милиони и 550 илјади денари

Во делот на финансиска подршка на спортските работници се планира да се подржат 10 тренери кои работат со екипи од прва, втора  лига и младински категории во фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и останати спортови. Месечната поддршка изнесува 5 илјади денари а кандидатите мора да докажат дека се дел од регистрирани клубови и рангот на натпреварување

До 12 феврураи трае и јавниот повик за аплциирање за финансиска подршка за спортски клубови и здруженија. На јавниот повик може да конкурираат субјекти кои дејствуваат на територијата на Струмица и кои немаат добиено одредена дотација по програмата за активности во областа на спротот и младите за 2019. Клубовите треба да бидат регистрирани, да го потикнуваат дадениот спорт и да ја реализираат утврдената програма и спорведуваат систем на натпревари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *