Кошаркарите на Струмица во сабота (11.02) во 18 часот во спортската сала Парк го играат клучниот натпревар за сигурен опстанок во најелитното кошаркарско натпреварување. Противник им е битолски Пелистер со кои во првата мегусебна пресметка претрпеа минимален пораз од 71:67. На избраниците на Петар Настев им е потребна сигурана победа за да се потврди славјето во Охрид. Само на тој начин може да се обезбеди подобар старт во Плај аут лигата. Струмица по 11 кола е на 6 позиција со вкупно 14 победа и скор од 4 победи и 7 порази. Ваков скор имаат и битолчани но со победа над ,,пелистерци,, струмичани ќе бидат позиција погоре во конечната пресметка за опстанок во Првата кошаркарска лига на Македонија