• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица планира да постави спомен обележје на баба Ванѓа

Советот на општина Струмица на денешната 45 седница најмногу време потроши на Иницијативата за подигање спомен обележје на Вангелија Пандева Димитрова или познатата претскажувачка баба Ванѓа која е родум струмичанка. Иницијативата дојде од група граѓани која беше доставена преку Никола Пандев од советничката група на ВМРО ДПМНЕ

,,Советот најмногу внимание посвети на последната точка од дневниот ред, односно на иницијативата за поставување на споменик на Баба Ванѓа. Иницијативата беше доставена до советниците пред седницата, а од советничките групи на СДСМ и ВМРО НП беше побарано да се разгледа иницијативата, бидејќи порано не беше разгледана. Беше побарано да се одложи за наредната седница од причини, иницијаторите да ја дополнат нивната писмена иницијатива за поставување на споменикот со тоа што да се изјаснат каде треба да биде локацијата, кој треба да ја финансира изградбата дали преку донации или преку буџетот на општината или на друг начин, односно да се знае финансиската рамка за таа иницијатива. И трето да се дополни во која форма сакаат да биде-дали како спомен плоча, дали биста или некој друг облик. Иницијативата од страна на советничката група не беше прифатена и беше едногласно изгласана иницијативата за поставување на спомен обележје на Вангелија Пандева Димитрова, попозната како Баба Ванѓа како точка од дневниот ред и истата беше едногласно прифатена од страна на сите советници на општина Струмица, рече Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.

На денешната седница се расправаше и по други точки

,,Како прва беше предлог одлуката за определување на места за истакнување на изборни плакати за предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 11 декември оваа година. Како и на секои избори општината е должна да постави постаменти каде би можеле да се постават плакати на сите политички партии кои што ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори. Одредени се три локации вообичаените во општина Струмица. Беше на дневен ред и извештајот од први до трети месец и од први до шести месец, квартален извештај за финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“. Од страна на советниците беше оценето дека претпријатието работи успешно и успешно ја извршува својата дејност. Имаше и критики кои беа добронамерни каде може да се подобри работата на претпријатието и да се подобрат услугите што ги нуди. Претпријатието работи успешно, работи финансиски позитивно. Основната дејност е снабдување со вода на град Струмица и населените места кои се приклучени на водоводот и редовно подигнување на сметот. Сметаме дека „Комуналец“ успешно и редовно го изведува и за тоа треба да го пофалиме од таа страна. Беше на дневен ред и ценовникот за работа на ЈПКД „Комуналец“, со тоа што претходниот ценовик се поништува и се дава нов ценовник за услугите што ги нуди „Комуналец“. Исто така беше усвоен и годишниот план за вработување во ЈПКД „Комуналец“ за 2016 година, како и изгласување на седумте точки што се однесуваа за легализација на бесправно изградените објекти,, рече Христов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *