• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица не е меѓу загадените градови покажале пробните мерења на штипскиот универзитет

Струмица спаѓа во градовите со релативно ниско загадување. Минатогодишните пробни тестирања со мерни станици кои што ги вршела лабораторијата АМИБИКОН при штипскиот универзитет, покажале дека Струмица не е во градовите со енормно загадување. Мерењата биле правени во текот на зимата и траеле околу еден месец. Наскоро таква мерна станица изработена во лабораторијата АМИБИКОН ќе се постави трајно во Струмица за да се има увид во квалитетот на воздухот што го дишат граѓаните, изјави професорот Дејан Мираковски.

Професорот Мираковски вели дека најзагрозени од опасните Пм честички се граѓаните на Скопје каде што мерењата покажале значително повисоко присуство на ПМ честиќчки во воздухот.

Мерните станици кои што ги изработија на штипскиот универзитет освен во Струмица ќе се постават и во Штип и Кавадарци. Засега во Источна Македонија квалитетот на воздухот се мери единствено во Пробиштип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *