• Mon. Nov 25th, 2024

Струмица и Василево најдобри, Конче најслаба општина по активната транспарентност во Југоистокот

Струмица и Василево се најдобрите општини, додека Конче е најслаба по индексот на Активна транспарентност во југоисточниот плански регион. Ова се резултатите до кој дојде Центарот за граѓански комуникации од Скопје правејки истражување колку општините објавуваат информации на сопствена иницијатива без притоа некој да им достави до нив барање за тие информации. Според нивната методолгија – давање информации на своја иницијатива без да им биде побарано, Струмица има индекс од 80,6 проценти додека Василево има три проценти помалку. Овие две општини спаѓаат во категоријата институции – општини со многу добра и добра активна транспарентност, додека останатите општини од југоисокот спаѓаат во просечна, слаба и многу слаба активна транспарентност.

Според истражувањето третата позиција има припаѓа на општините Богданци и Гевгелија со 58,2 проценти  активна транспарентост. На петата позиција се наоѓа Радовиш со 56,7 % по што следуваат Босилово и Ново село со 43,3 проценти.Овие општини спаѓаат во групата со просечна активна трансапрентост а последните три позиции им припаѓаат на Валандово, Дојран и Конче. Валандово со 32.8 % и Дојран со 22,8 % се сместени во општини со слаба активна транспарентнсот додека општина Конче со 19,4 проценти е во групата на институции и општини со многу слаба активна транспарентност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *