Струмица интензивно ќе се гради и ќе се проширува северозападно.Од одделението за урбанизам најавуваат дека блок 39 и 40 како и паралелни два помали се маркирани за градба а урбанистичкиот план предвидува 80 отсто од нив дека се предвидени за семејни куќи додека останатите 20 да бидат за колективни згради.
Се надеваат дека по комплетирањето на планската документација ќе се отпочне паралелно со сите инфраструктурни зафати.
Но, во овие блокови има и дивоградби кои паралено ја кочат целокупната постапка за комплетирањето на проектната документација која ќе значи и зелено светло за сите инфраструктурни поитфати.Именно, поставување на асфалт како и канализациони и водоводна мрежа.
Во мементов речиси целосниот интерес за нова градба во Струмица е токму во овие два урбанистички блока па така Струмица ќе добива и нов лик.