Здружението на бизнис жени го промовира проектот „We make- Женско претприемништво за конкурентност“ што ќе се спроведува во Струмица наредниве 16 месеци. Од Здружението кое е реализатор на проектот велат дека стереотипите и навиките од минатото ја држат жената надвор од претприемачките води.
На жените им треба охрабрување, обука, едукација која ќе им го позиционирам местото во светот на бизнисот, во кој тие знаат како да се снајдат. Но, за разлика од микро и малите претпријатија со кои најчесто раководат, тенденциите се да се научат жените како да го прошират бизнисот.
Во Струмица, најчесто жените се во услужните дејности, фризерки, козметичарки, шивачик. За нивна поголема конкурентнот и вмрежување, ќе бидат организирани повеќе активности.
Проектот треба да придонесе кон зголемување на конкурентноста на економијата во земјата, преку поддршка на различен екосистем за претприемниптво, вклучувајќи ги жените и граѓанското општество.