Во организација на италијанскиот културен центар“ Џакомо Леопарди“ од Струмица синоќа љубителите на филмот уживаа во делови на култните италијански филмови.
Се одржа театрско-филмски пресек на легендарните филмови и актери кои потекнуваат оттаму во склоп на годинешното мото на манифестацијата „Врската меѓу јазикот и кинематографијата“.
На манифестацијата присуствуваа италијанскиот амбасадор Карло Ромео, конзулот на Италија Стојан Витанов, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски, советници и љубители на италијанската уметност и култура.
Амбасадорот на Италија, Карло Ромео посочи дека како особено позитивна ја оценува соработката меѓу амбасадата и општина Струмица.
Светската недела на италијанскиот јазик и култура 17 години се спроведува во сите држави кадешто Италија има свои амбасади и конзуларни претставништа.