Кадетките на ЖРК Струма-Геотермика ја забележаа и втората победа во шампионаот откако на домашен терен забележаа победа против Овче поле од Св. Николе со резултат 23:19. Победата за младите струмичанки не беше доведена во прашање во ниту еден момент од мечот, бидејки постојано имаа предност а во одредени моменти и до 9 голови разлика
Според тренерите, девојчињата кои се претежно родени 2004 тата и најмлади во групата 1, покажале борбеност и зрелост особено капитенката Сара Стојанова која постигна 11 гола, средниот бек Добрица Милчевска која на своето конто запиша 7 гола и голманот Марија Грковска со 12 одбрани.
,,Благодарност до спонзорот Геотермика но и публиката која на секој наш натпревар е во се поголем број. Оваа генерација со просек 2002-ра година се натпреварува во категорија од 2004-та година ветува доста и се надеваме наскоро за 2-3 години дека Струмица ќе има една сопствена суперлигашка екипа.,, истакнаа од ЖРК Струма Геотермика
Следното коло, престојниот викенд струмичанки му гостуваат на Куманово кој има една победа и еден пораз