• Sat. Nov 23rd, 2024

Странците што транзитираат ќе мора да ја напуштат земјата најдоцна за пет часа од влезот

 

Владата донесе протокол за транзит на странски државјани на нашата територија. Со него се овозможува транзит само преку граничните премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродромот „Скопје“. Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг, со обврска при транзитот да не се напушта соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа, а тоа ќе се потврдува со изјава што странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба да се предаде на граничната полиција со цел да се контролира времeтраењето на транзитот.

Според информација од МВР, за македонските државјани, граничните премини за излез од државата се отворени со потпишување соодветна изјава, која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата во случај на проблем во странство.

При влез во државата секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR-тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишува изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена. Доколку таков тест не е приложен или е приложен невалиден PCR-тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.

извор: makfaks

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *