• Mon. Nov 25th, 2024

Стенд-ап турнејата на Бојан Велевски „Све ли ја да мислам“ ќе ја разведри и Струмица

ByЃ. K.

Sep 7, 2023

Актерот Бојан Велевски ја промовираше неговата стенд-ап турнеја, насловена како „Све ли ја да мислам?“ Турнејата ќе има свое деби во Прилеп, на 13 септември, а настанот во Струмица ќе се случи на 22 септември во НУЦК „Антон Панов“.

Спој на текст и перфоманс на двајцата најактуелни играчи на фејсбук. Божидар Божиновски (текст) и Бојан Велевски (перформанс).

ОПИС:

Шоу за тоа како влијаат социјалните мрежи врз нашето секојдневие, како нѐ менуваат, колку сме среќни и победници на инстаграм и фејсбук. Заслужен ремет на заеднички профили, Семе Синапово фанови и редовно пишување ЦЕНА, АМИН и “го сакам КАМ у поштенско”. На крајот кога некои работи ќе станат појасни, логично ти доаѓа да викнеш “Светлеееее! Ѕвони у Мадагаскар”.

By Ѓ. K.