Вкупно 32 младински екипи од земјава и странство ќе земат на Меѓународниот фудбалски ,,Пандев Куп 2018,, што ќе се одржи во Струмица и Скопје. Турнирот од денеска ќе трае до 4 август на кој настапуваат квалитетни младински екипи како Брашов и Темишвар (Романија), Сесвете и Бубамара (Хрватска), Ботев Пловдив и Национал (Бугарија), Реал Ниш и Јагодина (Србија) но и од земјава предводени од најдобрите македонски клубови Вардар и Шкендија. Меѓу учесниците се и екипи на Академија Пандев а од Струмица се и младите од Беласица
Во Струмица ќе играат фудбалерите родени 2003 и тоа една група на теренот со вештачка трева. Токму на овој терен или на теренот на Панев, се планира да бидат одиграни и финалните дуели од ова генерација. Останатите дуели се играат во Скопје на терените на ФФМ и во Ѓорче Петров.
Турнирот е за фудбалери родени од 2002 до 2005 и е под покровителство на Горан Пандев а помагатели се ФФМ, Агенцијата за млади и спорт, градот Скопје, општина Струмица, државниот студентски дом Скопје и други фирми