Стартуваат обуките за новите 10 персонални аксистенти во Струмица кои ќе им помагаат на лицата со попреченост. Персонални асистенти ќе добијат по едно лице на возраст од 18 до 64 години, кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост или лица со целосно оштетен вид. Асистентите ќе бидат лица кои поседуваат сертификат за завршена обука за стекнување со вештини за лична асистенција а истовремено и верифицирана.
Дефектологот Тања Црвенкова е втор пат на обуките за лични асистенти која е децидна дека со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на лицата со попреченост, што треба да придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.
Во Оперативниот план за мерки и услуги за вработување за 2019 година се предвидени средства за обука на 10невработени лица во Струмица. Обуките се спроведуваат во општинскиот центар на Црвен Крст кои воедно се и организатори.