Курсот на денарот останува стабилен, додека високо капитализираниот банкарски сектор оди во прилог на потврдата на кредитниот рејтинг на земјава од страна на кредитната агенцијата „Стандард и Пурс“, односно „ББ -“ со стабилен изглед. Во услови на глобална криза предизвикана од ценовните пристисоци од примарните производи, потврдата на кредитниот рејтинг на земјава е силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност.
Во извештајот на кредитната агенција се наведува дека не се очекуваат промени кај фиксниот курс на денарот врзан за еврото. Во извештајот се посочува на ефектите од растечките цени на енергенсите на девизниот пазар, при што очекувањата на „Стандард и Пурс“ се дека овие притисоци ќе се намалат со постепеното намалување на цените на енергијата ќе се намалуваат. Притоа, кредитната агенција укажува на приливите на странските директни инвестиции коишто се стабилни, како и на надворешното задолжувањe на државата како фактори што ќе обезбедат дополнителна поддршка на девизните резерви