Заштитата на здравјето беше целта на денешниот настан што по повод 7 април – Светскиот ден на здравјето го организираа учениците и професорите од струката – здравство и заштита при СОУУД „Димитар Влахов“ во градскиот парк.
Градоначалникот Костадинов им се заблагодари на учениците за услугите што ги дадоа и на минувачите и им посакува многу успех во учењето и да станат добри здравствени работници кои секогаш ќе бидат во служба на здравјето на граѓаните.