• Sat. Nov 23rd, 2024

ССМ штрајкот го најави за 22 јуни – бара покачување на платите за 2806 денари во јавниот сектор

На 22 јуни ќе има генерален штрајк на вработените во јавниот сектор, ако владата не дозволи линеарно зголемување на сите плати за 2.806 денари, рече Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Синдикатот бара од владата потпишување на општиот колективен договор за јавниот сектор во кој ќе биде регулирано зголемување на платата и враќање на изгубеното право на К-15, во висина од 30 до 100 отсто.

Димовски рече дека ССМ ѝ дава рок на владата до 21 јуни да одлучи за линеарното зголемување на платите, ако тоа не се случи од следниот ден ќе штрајкуваат синдикално организираните вработени во војската, полицијата, државната управа, образованието, судство, комунални и јавни претпријатија и општински служби.

Тој кажа дека Синдикатот е разочаран што владата, иако вети дека по ребалансот на Буџетот од 1 јули ќе има зголемување на платата од 2.806 денари, тоа зголемување не е предвидено во предложениот ребаланс.

Димовски рече дека ќе продолжат преговорите со Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *