• Sat. Nov 23rd, 2024

ССМ: Веднаш да се пристапи кон зголемување на платите

ByВане Трајков

Aug 20, 2022

Сојузот на Синдикатите на Македонија во својот пост на Фејсбук страната нагласува дека „100-те најголеми компании оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година добивката се зголемила за 42 проценти“

– Тоа значи дека работниците само во овие 100 најголеми компании биле попродуктивни и на своите работодавачи им сработиле фантастична добивка за дополнителни 218,1 милиони евра за само една година – потенцираат од ССМ.

Синдикалците потсетуваат дека Владата и работодавачите бараат поголема продуктивност, а поради политиките на Владата кон работниците и алчноста на работодавачите, на зголемена добивка од 42 отсто од 2020 до 2021 година, им ги зголемиле платите за мизерни 5,8 отсто колку што се зголемила просечната плата од декември 2020 до декември 2021 година според Државниот завод за статистика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *