Познатиот струмички фотограф Сречко Гунчев,постави изложба на свои фотографии во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“, а во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици.
Секоја година тој ги овековечува со фотографии и Струмичкиот карневал, Фестивалот за камерен театар „Ристо Шишков“, Струмица Опен фестивал и многу други културни, забавни и спортски настани.