• Sat. Nov 23rd, 2024

Средствата од Празијадата донирани за малата Нина, градоначалникот Јанев им се заблагодари на хуманите посетители

Средствата собрани на Манифестацијата Ден на празот, општина Василево ги донираше за малата Нина Димитриевска од Струмица соопшти првиот човек на ова општина Марјан Јанев кој подвлече дека посетителите на ова манифестација  донирале 18 383 денари

„ На граѓаните им понудивме можност заедно со дегустацијата на специјалитетите од праз да донираат средства и на тој начин да  се вклучат во хуманитарната акцијата за помош на некој на кој во моментот му е неопходна помош. Како организатори на активноста, одлучивме средствата да ги донираме за лекување на седумгодишната Нина Димитриевска  од Струмица. Им се заблагодаруваме на сите граѓани кои се вклучија во хуманитарната акција и донираа, а на малата Нина и посакуваме успешно оздравување“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев , чија што всушност и беше идејата  манифестацијата  „Ден на празот“ да добие хуманитарна димензија .

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *