Во Europe House Струмица, група на млади средношколци од Струмица, Радовиш, Богданци и Гевгелија, заедно со Паб квиз – Енигматик одржаа заедничко Квиз дружење.
Темата на квизот беше ОПШТА КУЛТУРА. Многу прашања и многу категории: ЕУ – форија, Историја, Географија, Филм, Музика, Спорт, Литература и др.
Во прекрасна атмосфера и натпреварувачки дух, без мобилни телефони, младите имаа можност да се запознаат, натпреваруваат и дружат меѓусебно.
СОУ „Јане Сандански“ – Струмица
РЦСОО „Никола Карев“ Струмица
СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица
СОУ „Богданци“ – Богданци
СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија
СОУ Коста Сусинов – Радовиш