Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими надбискупот Пол Ричард Галагер, ватиканскиот секретар за односи со државите. На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Македонија и Светиот Престол, кои ги поврзуваат длабоки историски врски и меѓусебно разбирање, и беше изразено задоволство од зголемената динамика на средби и посети на високо ниво.
На средбата се разговараше и за тековните иницијативи во насока на унапредување на меѓусебната соработка.
Претседателот Пендаровски истакна дека католичката заедница во Македонија, иако мала по бројност, е високо почитувана и е важен дел од македонското мултикултурно и мултиконфесионално општество, се наведува во соопштението..